Нисконапонски електрични ормари
Почитувани партнери,
Веќе неколку години, во рамките на Електроелемент успешно работи секторот Инженеринг, чија основна дејност е изработка на НН ормари. Изработуваме ормари според ваше барање или според наше предлог решение.
- Во зависност од намената, ги изработуваме следните типови на ормари:
- Дистрибутивни НН ормари за примарен развод, и до 1600 А(ГРТ за трафостаници и сл.);
- Мерни ормари(за броила и сл.),МРО;
- Секакви разводни ормари(стандардни,модуларни, со маски и сл.);
- Командни ормари(КРО);
- Ормари за автоматска компензација на реактивна енергија;
- Други типови, на ваше барање.
Соработуваме со реномирани брендови, како ETI, ABB, LEGRAND, РАДЕ КОНЧАР, за кои сме и официјални PANEL BUILDERI. Во делот на самите ормари, покрај наведените, соработуваме и со домашните реномирани производители - Семи, РК ТЕП и Металопромет.
За изработените ормари може да издадеме изведбена шема како и испитен лист, во согласност со европските норми. Поголемиот број на успешно завршени проекти го потврдуваат квалитетот на нашата изработка. Повелете и уверете се и самите.

ДИСТРИБУТИВНИ НИСКОНАПОНСКИ ОРМАРИ (ГРТ)
Ормари за примарен или секундарен развод со различни типови на прекинувачи (до 1600А и повеќе), најразлични изводи и останати изведби.

МЕРНИ ОРМАРИ (МРО)
Ормари за мерни броила применливи во станбени згради, индустриски мерења и други типови.

РАЗВОДНИ ОРМАРИ
Најразлични типови на разводни ормари: класични, модуларни, сомаски и слично.

КОМАНДНИ ОРМАРИ
Сите типови на командни ормари со најразлична примена.

ОРМАРИ ЗА АВТОМАТСКА КОМПЕНЗАЦИЈА
Разновидни решенија за автоматска компензација на реактивна енергија: класична, со пригушници и слично.

ДРУГИ ТИПОВИ НА ОРМАРИ
Изработка на ормари според техничка спецификација обезбедена од клиентот или според наше предлог решение.